Достапни линкови

Тренерот на Русите се повлекува по европското првенство во фудбал


Дик Адвокат

Дик Адвокат

Руските медиуми јавуваат дека холанѓанецот Дик Адвокат нема да го продолжи договорот и ќе се откаже од позицијата тренер на рускиот национален фудбалски тим, по завршување на Европското првенство. Адвокат во април 2010 година имаше потпишано двегодишен договор со можност за продолжување. Примарна цел му беше обезбедување пласман на Русија во финалето на „Еуро 2012“. Русија е дел од 16-те тимови кои ќе се натпреваруваат за шампионската титула во Јуни и Јули во Полска и Украина.
XS
SM
MD
LG