Достапни линкови

Лустрација, рехабилитација или прогон


ВМРО-ДПМНЕ ја турка лустрацијата, ДУИ смета дека таа треба да резултира со рехабилитација на оние што страдале, а СДСМ реагира дека таа служи за прогон на противниците.

По последната седница на Комисијата за политички сиситем, на која Комисијата го даде на натамошно читање предогот на законот, но на седницата не присуствуваа пратеници од ДУИ, СДСМ и НДП, јавноста остана со повеќе непознаници. Едно од прашањата е дали ДУИ ќе поддржи лустрација без процес на рехабилитација.
Ние не функционираме врз база на условување. Таа идеја, заедничка идеја е дека би требало тој процес да се заврши со рехабилитација на оние што страдале.
Талат Џафери, ДУИ.

Пратеникот од ДУИ Талат Џафери вели дека од пред неколку денови го доставиле до својот коалициски партнер нивниот текст изработен во соработка со здруженијата на Албанците за рехабилитација на жртвите од комунизмот. Сепак, според него, ДУИ го подржува предлогот на својот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ, а дека за Законот за рехабилитација треба дополнително да се разговара.

„Два дена, три дена откако им го дадовме. Ние не функционираме врз база на условување. Таа идеја, заедничка идеја е дека би требало тој процес да се заврши со рехабилитација на оние што страдале.“
Ова е закон со којшто ВМРО-ДПМНЕ ќе се пресметува со политичките противници и апсолутно начинот на којшто досега се спроведуваше лустрацијата по диктат на Груевски мислам дека ќе биде уште пожестока во овој период. Ние немаме намера да учествуваме во еден таков прогон на луѓе во Република Македонија и заплашување на граѓаните и на политичките противници.
Оливер Спасовски, СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека немаат разговарано за прашањето околу рехабилитацијата и оти не знаат дали се работи само за политичка рехабилитација или судска рехабилитација. Најважно од се е да ги видиме најдобрите европски пракси и врз основа на тоа заеднички да изградиме став, рече Силвана Бонева.

Но законот предизвика многу реакции во јавноста. Според опозициската СДСМ, чии пратеници најавија дека нема да присуствуваат на седниците, законот е правно неоснован и содржи политичко насилство. Оливер Спасовски е категоричен дека нема да присуствуваат на седниците на кои се расправа за новиот предлог на власта за донесување Закон за лустрација за некогашните соработници со тајните служби.

„Ова е закон со којшто ВМРО-ДПМНЕ ќе се пресметува со политичките противници и апсолутно начинот на којшто досега се спроведуваше лустрацијата по диктат на Груевски мислам дека ќе биде уште пожестока во овој период. Ние немаме намера да учествуваме во еден таков прогон на луѓе во Република Македонија и заплашување на граѓаните и на политичките противници.“

Пратениците од СДСМ добија уште еден повод повеќе да се спротивставуваат на Законот за лустрација откако на една од седниците на комисијата беше спречен инцидент меѓу двајца пратеници на ДУИ и ДПА кои разменуваа меѓусебни навреди во поглед на наводната соработка со безбедносните служби во минатото.

Од ДПА рекоа дека нивната пратеничка група ќе поднесе амандмани на Законот и оти сметаат дека нема потреба Комисијата да гласа дали некој бил кодош или не, туку дека треба да се објават имињата на сите што соработувале со органите за државна безбедност. Последниот предлог закон за лустрација со кој се определуваат услови за ограничување за вршење јавна функција, претставува четврти обид во последните неколку години да се изврши законска интервенција на процесот на лустрација.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG