Достапни линкови

Косовската полиција ги отстранува изборните плакати на радикалите


Припадници на косовската полиција за време на изминатиот викенд ги отстраниле од јавните места изборните плакати на Српската радикална партија во реонот на Грачаница, соопшти денеска косовската полиција. Со судски налог, бил извршен и претрес во куќата каде што се наоѓа седиштето на таа партија, при што бил конфискуван изборен материјал, а против претседателот на партијата е покренато обвинение за предизвикување етничка, расна и верска омраза.
XS
SM
MD
LG