Достапни линкови

logo-print

Меркел ќе го бојкотира ЕП во фудбал во Украина?


Украина ја обвини Германија дека употребува тактика од времето на Студената војна, со тоа што го користи престојното европско првенство во фудбал за вршење притисок во врска со третманот во затвор на екс премиерката Јулија Тимошенко. Украинското министерство за надворешни работи оцени дека Германија настојува спортот да биде заложник на политиката. До реакцијата доаѓа откако некои медиуми јавија оти германската канцеларка Ангела Меркел и министрите во нејзината влада нема да присуствуваат на ниден меч на германската репрезентација на натпреварите во Украина. ЕП во фудбал започнува на 8-ми јуни, а ќе се игра во Полска и во Украина.
XS
SM
MD
LG