Достапни линкови

И без рецесија нема да биде сјајно


Индустриското производство паѓа седум месеци по ред.

Индустриското производство паѓа седум месеци по ред.

Многу е тешко да се прогнозира дали ќе има рецесија, но во секој случај не ни претстои добра економска година, велат познавачите со кои разговаравме.

Индустриското производство паѓа седум месеци по ред, владата прави ребаланс по само четири месеци и речиси ги преполовува проекциите за економскиот раст и во исто време се задолжува за нови 250 милиони евра од Дојче Банк.
Инвестиции пред се од јавен сектор во оние области во кои приватниот сектор не може или нема интерес да вложува. Побарувачката би требало да оди заедно со зголемување на вработеноста и тоа е по мое мислење еден од начините да се засили производството во Македонија.

По падот на индустријата се зголемуваат стравувањата дека земјава може да влезе во рецесија. Се смета дека земјата е во рецесија кога има пад на БДП-то во два последователни квартали. И покрај тоа што Заводот за статистика се уште не ги објавил точните податоци, министерот за за финансии Зоран Ставрески, при објавувањето на ребалансот рече дека веројатно економијата ќе има пад во првиот квартал.

„Владата ја предвиде проекцијата за раст на БДП-то за 2012 година да изнесува 2,5 проценти, при што се имаше предвид реализацијата во првите три месеци од годината каде што индустриското производство оствари негативен резултат и веројатно тоа ќе предизвика негативна стапка на раст на БДП-то во првиот квартал од годината“, рече Ставрески пред две недели.
Во втората половина од годината очекуваме Европа да излезе од рецесија, тоа ќе биде еден позитивен фактор, а дома треба да се оди на намалување на буџет, да се либерализира монетарната политика, да се зголеми кредитирањето и да се исфорсира малку домашната побарувачка.

Заводот за статистика во петокот објави дека во март годинава имало пад на идустриското производство од 8,5 отсто во однос на истиот месец лани. Ова е седми месец по ред во кој има пад на индустриското производство. Во првиот квартал, пак, падот на индустријата е 8,4 отсто споредено со првиот квартал минатата година.

Многу е тешко да се прогнозира дали ќе има рецесија, но во секој случај не ни претстои добра економска година, согласни се нашите соговорници Владимир Глигоров и Мирче Чекреџи. Двајцата велат дека е тешко да се очекува добар економски резулат годинава, затоа што земјите од ЕУ, кои се најголеми трговски партнери на Македонија, се во слична состојба.

Македонија може да обезбеди економски раст по основ на зголемени внатрешни инвестиции и внатрешна побарувачка, вели Владимир Глигоров од Виенскиот институт за меѓународни економски студии.

„Инвестиции пред се од јавен сектор во оние области во кои приватниот сектор не може или нема интерес да вложува. Побарувачката би требало да оди заедно со зголемување на вработеноста и тоа е по мое мислење еден од начините да се засили производството во Македонија.“

Бизнисменот Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комoри, пак, вели дека пари нема ниту во Европа, ниту во Македонија. Во ситуација кога се намалуваат и надворешната и внатрешната побарувачка, логично е да паѓа и индустриското производство, вели тој.

„Во втората половина од годината очекуваме Европа да излезе од рецесија, тоа ќе биде еден позитивен фактор, а дома треба да се оди на намалување на буџет, да се либерализира монетарната политика, да се зголеми кредитирањето и да се исфорсира малку домашната побарувачка.“
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG