Достапни линкови

„Новиот бран“ со најмногу коментари


„Новиот бран“, прилозите за смената на судиите на Уставен суд и темата во Хајд паркот, најкоментирани теми на нашата интернет страница изминатата недела.

Првите луѓе на подмладоците на најголемата опозициона и на владејачката партија, Дарко Давитковски и Борче Стамов, продолжуваат да пишуваат за нашата он-лајн младинска колумна, но за чудо, овојпат, текстот на Стамов за „Власта на новото време“, нема ниту еден коментар. За разлика од текстот „По детонација, цунами“, на Давитковски, кој предизвикал неколкумина слушатели на Радио Слободна Европа да ги испратат своите коментари.
Едни те исти луѓе 20 години се во СДСМ. Партија не остави простор за други, само Јани и Емилијан, на народот му се смачи од нив, ВМРО нешто смени, а вие?

И, очекувано, тие се поделени, во зависност кој слушател кон која партија инклинира. Блажо смета дека „комуњарчињата“ како што ги нарекува, се смешни и патетични и со потсмев им препорачува уште да се надеваат на вечниот идол.

Димитар смета дека „наводниот“ бран во ДПМНЕ служи за манипулација со јавноста и дека со таа тема се успеа да се оттргне вниманието од петкратното убиство.
За каков бран говориш во ДПМНЕ? За смена на функционери од трет или четврти ешалон, или за праќање на Чашуле, Донев, Еленовски, Лазаревски за амбасадори? Или можеби бранот е назначувањето на Филип Петровски за заменик-директор на Државна лотарија.

Тодор пишува дека едни те исти луѓе биле 20 години во СДСМ и дека таа партија не оставала простор за други, „само Јани и Емилијан, на народот му се смачи од нив, ВМРО нешто смени, а вие?“, прашува Тодор, кому веднаш му одговорил Димитар, кој го потсетува Тодора дека во СДСМ има нови лица - Павловска - Данева, Јовановски, Георгиев... За каков бран говориш во ДПМНЕ? За смена на функционери од трет или четврти ешалон, или за праќање на Чашуле, Донев, Еленовски, Лазаревски за амбасадори? Или можеби бранот е назначувањето на Филип Петровски за заменик-директор на Државна лотарија“, го потсетува Димитар Тодора.

Во врска со нашиот текст „Департизација со партиски предлози“, за смената на судиите на Уставен суд - повторно полемика преку пораки на двајца слушатели: Горан од Скопје и' забележува на Радио Слободна Европа дека наводно изигрува портпарол на СДСМ, затоа што, како што пишува Горан, кога СДСМ именувал уставни судии без опозицијата, тоа било врв на демократијата, а кога истото го прави ВМРО-ДПМНЕ, тоа е политизација со партиски кадри.

Александар од Пела му одговара на Горан дека нашево радио сигурно пишувало и кога СДСМ била на власт и предлагала судии, но, вели, не заборавајте дека медиумите се коректори на власта, а не на опозицијата, и ако не се тие, власта може да забега. Тогаш Господ нека ни е на помош, заклучува Александар во својата порака.

Инаку, во Хајд паркот продолжувате со коментари за тоа дека треба да се штеди и дали се приоритет врбите во Вардар, аквапарк, споменици...? Главно, сите се против тоа, но како заеднички именител може да послужи коментарот на Оливер од Скопје: „Што ќе ни се жални врби, кога ситуацијата ни е жална“.

Хајд Парк: Македонската влада зема кредити, во буџетот фалат пари, се кратат трошоци. Мора да се штеди, но каде? Дали приоритет се жални врби, аквапарк, споменици? Погледнете ја анкетата и коментирајте овде.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG