Достапни линкови

Пакистан ги осуди американските бомбардирања на негова територија


Пакистан повтоно ги осуди американските воздушни напади на негова територија, откако американско безпилотно летало бомбардираше цел во север-западен Пакистан, при што биле убиени тројца милитанти. Вчерашната акција беше прва откако пакистанскиот парламент пред две недели побара од Вашингтон да ги запре воздушните напади. Пакистанското министерство за надворешни работи оцени дека таквите напади се во спротивност со меѓународното право и меѓу-државните односи. Американски претставници истакнуваат дека нападите со безпилотни летала во реонот на границата меѓу Авганистан и Пакистан е дел од битката против екстремистите.
XS
SM
MD
LG