Достапни линкови

logo-print

Ал Каеда нуди трампа за киднапираниот британец


Подружницата на Ал Каеда во северна Африка, понудила да го ослободи киднапираниот британски државјанин Стивен Малком, во замена за радикалниот јордански свештеник Абу Катада, е објавено денеска на една исламистичка интернет страница. Во пораката е упатена закана до Велика Британија да не му го предава Катада на Јордан. Се верува дека британскиот државјанин Стивен Малком е еден од 9-мината европејци киднапирани во Мали и Нигер, од септември 2010-та.
XS
SM
MD
LG