Достапни линкови

logo-print

Нетанјаху размислува да распише предвремени избори


Израелскиот министер за надворешни работи и претседател на партијата Јисраел Беитену Авигдор Либерман.

Израелскиот министер за надворешни работи и претседател на партијата Јисраел Беитену Авигдор Либерман.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека размислува да распише предвремени избори, откако една од клучните партии се повлече од владината коалиција. Партијата Јисраел Беитену на министерот за надворешни работи Авигдор Либерман во саботата соопшти дека ја напушта владината коалиција. Оваа ултранационалистичка партија е втора најголема партија во коалициската влада по партијата Ликуд на Нетанјаху.

Редовните парламентарни избори во Израел треба да се одржат во октомври наредната година.
XS
SM
MD
LG