Достапни линкови

Зајакнување на американско-јапонскиот сојуз


Американската воена база во Окинава.

Американската воена база во Окинава.

Јапонскиот премиер Јошихико Нода денеска во Вашингтон треба да се сретне со американскиот претседател Барак Обама во обид за зајакнување на американско-јапонскиот сојуз. Се очекува двајцата да разговараат за зацврстување на односите во одбраната во услови на растечки тензии околу Северна Кореја.

Веројатно ќе се разговара и за американската помош за Јапонија која се соочува со најголемата светска нуклеарна катастрофа по Чернобил.

Средбата доаѓа неколку денови откако САД и Јапонија објавија дека се договориле за преместување на 9 илјади американски маринци од Окинава на Гуам. Јапонија со години бара од САД да ја намалат или да ја преместат својата воена база од населеното урбано подрачје на Окинава.
XS
SM
MD
LG