Достапни линкови

Иран го осуди палењето на Коранот во САД


Контроверзниот американски свештеник Тери Џонс.

Контроверзниот американски свештеник Тери Џонс.

Иран го осуди палењето на Коранот од страна на американскиот свештеник Тери Џонс во Флорида. Во соопштението од иранското министерство за надворешни работи се вели дека чинот е „навредлив и провокативен“ и се бара од САД да му се извинат на муслиманскиот свет.

Џонс го запали Коранот во знак на протест против затворањето на иранскиот христијански свештеник Јусуф Надархани кој беше затворен во 2009 и осуден на смрт поради отпадништво, затоа што од ислам преминал во христијанство. Смртната казна му беше поништена од иранскиот Врховен суд во февруари годинава.

Пентагон побара од Џонс да се воздржи од палењето на Коранот, поради загриженост за безбедноста на силите на НАТО во Авганистан.
XS
SM
MD
LG