Достапни линкови

logo-print

Џез-концерт во зградата на ОН во Њујорк


Музичарката Анхелик Киџо од Бенин со наградата Греми во 2008 година.

Музичарката Анхелик Киџо од Бенин со наградата Греми во 2008 година.

Агенцијата за култура на ОН, УНЕСКО, го одбележува првиот Меѓународен ден на џезот, со намера „да се подигне свеста за вредноста на џезот како образовна алатка и поттик за мир, единство, дијалог и поголема соработка меѓу луѓето“.

Генералната конференција на УНЕСКО го воспостави 30 Април како Меѓународен ден на џезот со резолуција донесена во ноември 2011 година.

Првиот ден на џезот ќе биде одбележан со концерт во салата на Генералното собрание на ОН во Њујорк, на кој ќе настапат Анхелик Киџо, Винтон Марсалис, Хју Масекела и други. Домаќини на концертот се генералната директорка на УНЕСКО Ирина Бокова, американската амбасадорка во ОН Сузан Рајс и амбасадорот на добра волја на УНЕСКО, познатиот џез музичар Херби Хенкок.
XS
SM
MD
LG