Достапни линкови

Најавена реорганизација на владата во Египет


Претседателските избори во Египет ќе се одржат на 23 и 24 Мај годинава

Претседателските избори во Египет ќе се одржат на 23 и 24 Мај годинава

Египетското муслиманско братство соопшти дека шефот на армијата Маршал Хусеин Тантави најавил реорганизација на владиниот состав. Новинската агенција „Ројтерс“, повикувајки се на изјави на припадници на Муслиманското братство, јавува дека реорганизацијата ќе се случи „во следниве неколку часа“. Одлуката следи по најавата на пратениците од доминантно исламскиот парламент за суспендирање на седниците во времетраење од една недела, во знак на протест на одлуката на војската да не ја распушти владата.
XS
SM
MD
LG