Достапни линкови

Нов апел за прекин на насилството во Сирија


Кофи Анан и Роберт Муд

Кофи Анан и Роберт Муд

Шефот на набљудувачката мисија во Сирија ги повика силите на претседателот Башар Ал Асад и приврзаниците на опозицијата да престанат со војување, со што би стапило на сила примирјето. Норвешкиот генерал мајор Роберт Муд ја даде изјавата по пристигнувањето во Дамаск, каде ќе ја превземе одговорноста за 16 члениот тим набљудувачи од Обединетите нации. Екипата ќе го надгледува имплеметирањето на примирјето составено од шест точки, кое го предложи специјалниот пратеник на светската организација во Сирија Кофи Анан. Портпарол на мисијата потврди дека до мај во Сирија се очекува да пристигнат 100 набљудувачи на Обединетите нации.
XS
SM
MD
LG