Достапни линкови

Грчката влада одобри план за спас на банките


Грчката Влада одобри план за државна поддршка на четирите најголеми банки во земјата, Националната банка, Алфа банка, Јуробанк и Пиреос банк. Станува збор за привремено решение до финализирањето на планот за рекапитализација на банките. Согласно планот, четирите банки ќе добијат 18 милијрди евра од Европскиот механизам за финансиска стабилност. Средствата ќе бидат искористени за да им овозможат на банките да го зачуваат пристапот до капиталните операции на Европската централна банка. Во одредена фаза тој капитал ќе биде заменет со обични акции или конвертирани државни обврзници, во зависност од конечното решение на планот за банкарска рекапитализација. Четирите банки соопштија минатата недела за загуби, кои изнесуваат вкупно 27,9 милијарди евра, од кои 23 милијарди, според нив произлегуваат од спогодбата за отпишување на дел од грчкиот долг.
XS
SM
MD
LG