Достапни линкови

Меркел може да ја откаже посетата на Украина поради Тимошенко


Подржувачи на Јулија Тимошенко во саботата демонстрираа пред судот во Харков

Подржувачи на Јулија Тимошенко во саботата демонстрираа пред судот во Харков

Германска публикација пишува дека канцеларот Ангела Меркел би можела да ја откаже посетата на Украина за време на фудбалскиот турнир „Еуро 2012“ доколку до тогаш не биде ослободена од затвор екс-премиерката на земјата. Јулија Тимошенко отслужува седумгодишна затворска казна, осудена за злоупотреба на службената должност и штрајкува со глад повеќе од една недела поради наводно малтретирање. Магазинот „Дер Шпигел“ во својот извештај додава дека ако Меркел ја откаже посетата на Украина, тогаш и други високорангирани државни службеници од Германија може да го следат примерот. Медиумот не ги наведува изворите на информацијата.
XS
SM
MD
LG