Достапни линкови

Протести во Шпанија против мерките за штедење


Барселона денеска

Барселона денеска

Илјадници протестираат во Мадрид и во уште 50 други градови низ Шпанија против мерките за штедење со кои се намалуваат расходите од народната каса за образование и здравство. На 20 април владата одобри реформи со кои се предвидува кратење на бесплатните лекови по рецепт за пензионерите и се зголемува школарината за студентите. Целта е заштедување на дополнителни 10 милијарди евра годишно. Новите кратења се само дел од најавените намалувања на расходите од Буџетот со кои се проценува заштеда на 27 милијарди евра од народната каса за 2012 година. Официјален Мадрид се цели кон намалување на јавниот дефицит од 8,5 на 5,3 отсто. Невработеноста во Шпанија достигна 24 проценти во првиот квартал годинава, што претставува рекордна стапка на невработеност од 1996 година. Се очекуваат дополнителни протести во Барселона пред состанокот на претставници на Европската централна банка во четврток.
XS
SM
MD
LG