Достапни линкови

Власта и опозицијата се расправаат за кадровски промени


СДСМ ја повикува власта да ги повлече предлозите за нови членови на Уставниот Суд и на Советот за радиодифузија и да предложи кандидати околу кои ќе се изгради консензус и кои ќе го зголемат степенот на независност на овие институции. „Во Уставниот суд кој како највисока судска инстанца треба да го штити уставниот поредок и основните човекови слободи и права, власта сака да инсталира блиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Ниту Советот за радиодифузија не остана поштеден од „новиот бран”. И во ова тело, кое треба балансирано да ги контролира електронските медиуми, се предлагаат кадри со несоодветно професионално искуство“ рече на прес-конференција потпретседателот на СДСМ Ана Павловска Данева.
СДСМ зборува за партизираност, а самата е пропознатлива особено по Бранко Наумовски кој беше именуван на различни функции, за помошник на министерот за правда, за директор на Државниот управен инспекторат, за Народен правобранител, сега е претседател на Уставниот суд, а неговиот син Александар е актуелен функционер на СДСМ во Советот на Град Скопје, реагира ВМРО-ДПМНЕ. Од владеачката партија посочуваат дека во изминатите години, од 2006-та до сега, Владата спроведе над 2.000 проекти, но СДСМ не пофали ниту еден.
XS
SM
MD
LG