Достапни линкови

Новиот бран во општинските комитети


Претседатели на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат опфатени со „новиот бран“. Од партијата информираат дека е распишан оглас и изборот е во тек во 23 градови и општини. Станува збор за Јегуновце, Велес, Прилеп, Кочани, Могила, Чаир, Ранковце, Демир Капија, Македонска Каменица, Гостивар, Центар, Богданци, Бутел, Валандово, Вевчани, Ѓорче Петров, Дебарца, Маврово - Ростуше, Кисела Вода, Крушево, Тетово, Чучер - Сандево и Крива Паланка. Од минатата недела веќе се избрани и нови претседатели на општинските комитети во Битола, Ресен, Струга, Дојран, Студеничани, Кавадарци и Пехчево. Со „новиот бран“ се опфатени и 38 задгранични комитети за што партијата веќе објави повик за кандидирање претседатели.
XS
SM
MD
LG