Достапни линкови

Иран се надева на успешни разговори во Багдад


Министерот за надворешни работи на Иран Али Акбар Салехи се надева на успех во разговорите со претставници на светските сили за иранската нуклеарна програма. Следната рунда разговори е закажана на 23 мај во Багдад. Салехи изјави дека имало некаков успех во последната рунда разговори во Истамбул. Министерот изрази надеж дека на состанокот во Багдад ќе има повеќе напредок за разрешување на нуклеарниот спор. Инаку, средбата во Истамбул претставуваше продолжение на разговорите кои беа замрзнати 15 месеци. Западот стравува дека иранската нуклеарна програма може да произведе нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG