Достапни линкови

Бомбашки напад во Нигерија


Кон почетокот на годинава во Кано беше бомбардирана полициска станица

Кон почетокот на годинава во Кано беше бомбардирана полициска станица

Над десетмина загинале во бомбашки напад и престрелка во Нигерија, јавуваат медиумите. Инцидентот се случил во универзитетот во Кано, најголемиот град во северниот дел на земјата каде живее претежно население од муслиманска вероисповед. Медиумите јавуваат дека нападот се случил во простории кои христијанските верници ги котристеле во недела, но за сега не е познат точниот број на жртви. Новинската агенција „Асошиејтед Прес“ пишува дека 20 лица се мртви додека пак „Ројтерс“ јавува дека петнаесетмина загинале. За сега никој нема превземено одговорност за нападот.
XS
SM
MD
LG