Достапни линкови

Канада нема да издава визи во Иран


Канада најави затворање на визното одделение во амбасадата во главниот град на Иран – Техеран, потег кој веројатно ќе се одрази на илјадници ирански патници. Во соопштение на интернет страната на дипломатското претставништво, пишува дека визниот сервис за житрелите на Иран ќе биде достапен во Канадската амбасада во Анкара, главен град на соседна Турција. Амбасадата во Анкара ќе ги разгледува сите барањеа за визи од Иран како и од Азербејџан, Грузија, Турција и Туркменстан, се објаснува во соопштението.
XS
SM
MD
LG