Достапни линкови

Мантер: Авганистан мора сам да ги решава проблемите


Амбасадорот на Соединетите американски држави во Пакистан изјави дека мирот во Авганистан не може да се постигне без вклучување на авганистанските талибанци во преговорите. Амбасадорот Камерон Мантер рекол дека проблемите во земјата нема да се решат ако одредени авганистанци се исклучени од разговорите. Тој нагласил дека авганистанците мора сами да ги решаваат проблемите, дополнувајки дека Соединетите американски држави и Пакистан можат само да понудат помош.
XS
SM
MD
LG