Достапни линкови

Пападимос по изборите планира да се врати на научната дејност


Лукас Пападимос

Лукас Пападимос

Грчкиот премиер Лукас Пападимос планира да се врати кон научната дејност по одржувањето на предвремените избори на 6 мај. Неговиот соработник во областа на стратешкото планирање Јоргос Пагулатос изјави вчера дека Пападимос бил повикан за одредена итна мисија, која тој веќе ја остварил. „Тој има научни ангажмани и планира да им се врати на нив“ изјави Пагулатос во интервју за неделникот „Прото тема“. Поранешниот заменик-претседател не Европската централна банка ја презеде премиерската функција во ноември со задача да обезбеди отпуштање на спасувачкиот пакет од 130 милијарди евра и отпишување на дел од грчкиот долг, за да го спречи евентуалниот банкрот на земјата.
XS
SM
MD
LG