Достапни линкови

Нови правила за американската тајна служба


Илустрација: Проституција.

Илустрација: Проституција.

Американската тајна служба, која неодамна беше посрамена со скандалот со проституција, издаде нови строги насоки за однесување на нивните агенти и вработени. Новиот кодекс на однесување, што го објави агенцијата Асошиејтед прес, забранува прекумерно пиење, забава со странци во хотелските соби и поминување на времето во дискредитирани установи. Кодексот предвидува дека на некои патувања надвор од САД ќе бидат назначувани и придружници за да осигураат спроведување на новите правила.

Промените во тајната служба доаѓаат откако изби скандал со агенти на тајната служба кои користеле услуги на проститутки во Колумбија во пресрет на посетата на претседателот Барак Обама на земјата.
XS
SM
MD
LG