Достапни линкови

Саудиска Арабија ја затвора амбасадата во Египет


Протести пред саудиската амбасада во Каиро на 24 април 2012.

Протести пред саудиската амбасада во Каиро на 24 април 2012.

Саудиска Арабија соопшти дека ја затвора својата амбасада во Египет и го отповикува амбасадорот, по протестите во Каиро поради затворањето на египетски адвокат за човекови права. Стотици Египќани неделава протестираа пред саудиската амбасада во Каиро со барање за ослободување на адвокатот Ахмед ел-Гезави, кој беше уапсен во Саудиска Арабија за наводни навреди кон саудискиот монарх. Саудиската новинска агенција СПА објави дека причина за затоврањето на амбасадата се „неоправданите протести“.

Саудиските власти соопштија дека адвокатот бил уапсен зашто се обидел да прошверцува лекови против анксиозност во земјата.
XS
SM
MD
LG