Достапни линкови

logo-print

Руско-кинески бизнис договори за 15 милијарди долари


Архивска фотографија: Претседателите на Русија и на Кина, Дмитриј Медведев и Ху Џинтао.

Архивска фотографија: Претседателите на Русија и на Кина, Дмитриј Медведев и Ху Џинтао.

Руската и кинеската делегација потпишаа 27 договори во вредност од околу 15 милијарди долари, соопшти денеска кинескиот вицепремиер Ли Кекујанг за време на руско-кинескиот бизнис-форум во Москва, на кој учествуваат стотици кинески бизнисмени. Кекујанг соопшти дека договорите се однесуваат на „транспорт, енергија, комуникации, висока технологија и инвестициски проекти“.

Руската влада на форумот ја претставува првиот заменик премиер Игор Шувалов.

Кина е еден од најголемите трговски партенери на Русија. Трговската размена меѓу двете земи во 2011 година изнесувала околу 79 милијарди долари.
XS
SM
MD
LG