Достапни линкови

Поголема наплата на даноците или уште еден ребаланс


Ако не се подобри економијата, до крајот на годинава ќе биде потребен уште еден ребаланс на буџетот, предупредуваат економистите со кои разговаравме.

Во првото тримесечие во буџетот се собраа 9 отсто помалку приходи од предвиденото, но со ребалансот, владата одлучи да го намали буџетот за 4,5-5 отсто, со надеж дека во наредните девет месеци економијата ќе се подобри и ќе се соберат предвидените пари.
Економската ситуација во Македонија очигледно не се унапредува, во наредните 9 месеци треба да предвидиме натамошна стагнација, што значи дека и тие приходи нема да може да ги оствари и ништо не би било чудно доколку некаде во септември или октомври владата предложи дополнителен ребаланс со кој уште еднаш ќе ги намали приходите и тоа би било веќе една сосема лоша економска политика која каска зад настаните и која владата не може да ја контролира.

Поранешниот министер за финансии Никола Поповски вели дека нема да се изненади ако до крајот на годината, владата направи уште еден ребаланс на буџетот.

„Економската ситуација во Македонија очигледно не се унапредува, во наредните 9 месеци треба да предвидиме натамошна стагнација, што значи дека и тие приходи нема да може да ги оствари и ништо не би било чудно доколку некаде во септември или октомври владата предложи дополнителен ребаланс со кој уште еднаш ќе ги намали приходите и тоа би било веќе една сосема лоша економска политика која каска зад настаните и која владата не може да ја контролира.“

Ако во случај се испостави дека е вистина тоа што се зборува во последно време дека ќе има предвремени парламентарни избори за време на локалните избори, тогаш мислам дека за жал повторно ќе биде популистичка и ќе се фокусира на проекти каде што луѓето ќе добиваат на емоции, а не на реални проекти.
Доколку дојде до тоа, а веројатно е дека ќе дојде, вели Поповски, владата уште еднаш ќе удри врз инвестициите.

„Таа нема да ги намали ниту платите, ниту сопствените трошоци, ниту рекламите, ниту сите оние политички проекти коишто и требаат, но логично е дека одеднаш ќе ги намали инвестициите, како што направи и сега после првиве три месеци, веќе полека се открива од каде тоа се се крати, од патишта, од инвестициски проекти и тн. Тоа значи дека за економијата доаѓаат уште полоши времиња. Инвестициите ќе ја влошат економијата, а тие трошоци што владата ги задржува на потребното ниво, плати и тн., па воопшто не ја подобруваат економијата, што значи дека имаме едно дупло дно во економската политика на тој начин“, вели Поповски.

Владата за годинава предвиде економски раст од 4,5 отсто, но по ребалансот ја намали проекцијата на 2,5 отсто. Народната банка пред неполни три месеци предвиде раст од 2,4 отсто, но минатата недела во Вашингтон гувернерот Димитар Богов рече дека проекцијата на ММФ за раст на македонската економија од 2 отсто годинава е реална. Се чини дека најпесимистична за економскиот раст на Македонија е Европската банка за обнова и развој, која во јануари годинава и предвиде на земјава раст од само 1,8 проценти.

Економскиот аналитичар Висар Адеми вели дека владата во наредниот период треба да посвети поголемо внимание на дисциплината во собирање на даноците и да се воздржи од непродуктивни трошења за да нема потреба од уште еден ребаланс.

„Ако во случај се испостави дека е вистина тоа што се зборува во последно време дека ќе има предвремени парламентарни избори за време на локалните избори, тогаш мислам дека за жал повторно ќе биде популистичка и ќе се фокусира на проекти каде што луѓето ќе добиваат на емоции, а не на реални проекти.“
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG