Достапни линкови

logo-print

Засилени мерки за безбедност во Барселона


Во Барселона од вчера се распоредени над 4 ипол илјади полицајци пред состанокот на гувернерите на Европската централна банка што ќе се одржи на 3 мај. Каталонските власти страхуваат дека се можни инциденти поради најавените протести против острите мерки за штедење. Во Шпанија утре ќе се одржат демонстрации на синдикатите, а за 1 Мај е предвиден марш на студентите. Од вторникот шпанските власти повторно воспоставија гранични контроли на границата со Франција и на некои аеродроми со цел да се спречи влегувањето на некои насилни групи од Грција и Италија.
XS
SM
MD
LG