Достапни линкови

Штрос Кан: зад секс скандалот беа моите политички непријатели


Доминик Штрос Кан

Доминик Штрос Кан

Доминик Штрос Кан ги обвини политичките непријатели за обелоденување на неговата секс врска со собарката во еден хотел во Њујорк. Тој за весникот Гардијан изјави дека неговите опоненти обезбедиле собарката Нафисату Диало да отиде во полицијата и со тоа, како што изјави, приватната романтична врска да ја претвори во јавен скандал. Апсењето на Штрос Кан доведе до негова оставка на функцијата шеф на ММФ и до крај на неговите надежи да стане претседател на Франција. Обвинувањата за скандалот потоа беа повлечени поради сомневање во кредибилитетот на собарката.
XS
SM
MD
LG