Достапни линкови

Одложено новото судење против Тимошенко


Јулија Тимошенко во затвор, 25.04.2012.

Јулија Тимошенко во затвор, 25.04.2012.

Во Украина е одложено за денеска најавеното ново судење против поранешната премиерка Јулија Тимошенко за затајување данок. Таа одби да се појави на судењето од здравствени причини. Судењето е презакажано за 21 мај. Западот го осуди првото судење на Тимошенко за залоупотреба на службената должност со оценка дека станува збор за политички мотивиран случај. Доколку биде прогласена за виновна таа може да добие казна затвор од 12 години. Тимошенко сега издржува казна затвор од 7 години.
XS
SM
MD
LG