Достапни линкови

Русија и САД со црвена линија за евентуални сајбер напади


Таканаречената нуклеарна комуникација од Студената војна наскоро би се користела како канал за пораки меѓу Соединетите држави и Русија околу сајбер безбедноста. ,,Вашингтон Пост,, пишува дека линијата која во 1988 година беше воспоставена за време на претседателот Роналд Реган им овозможуваше на Москва и Вашингтон да се информираат за ракетните проби. Весникот оценува дека договорот кој би требало да биде потпишан за неколку недели, е прв што Соединетите држави ги потпишува со друга земја во врска со намалувањето на опасноста од сајбер напади.
XS
SM
MD
LG