Достапни линкови

Пекинг без комнентар за бегството на кинескиот активист


Чен Гуангченг

Чен Гуангченг

Кинеското министерство за надворешни работи одби да ги коментира извештаите дека водечкиот кинески дисидент Чен Гуангченг избгал од домашен притвор и оти сега се наоѓал во американската амбасада во Пекинг. До ова доаѓа само неколку дена пред најавените разговори на високо ниво меѓу Кина и Соединетите држави во Пекинг. Чајнаејд, организација за човекови права со седиште во Соединетите држави соопшти дека Чен бил под американска заштита во Пекинг. Чен е во домашен притвор од 2010 година.
XS
SM
MD
LG