Достапни линкови

Упасени две лица во Лојане за шверц со луѓе


Лојане, Јануари 2012

Лојане, Јануари 2012

Македонската полицијата денеска уапсила двајца криумчари на мигранти во кумановското село Лојане.
Според информациите на МВР, приведен бил А.И.(32) кој се барал за издржување казна затвор од шест години за кривично дело криумчарење мигранти, кој и порано бил пријавуван за грабнување, фалсификување пари, измамување на купувачи и тешка кражба. Полицијата го уапсила и А.Р.(61) од кој се барал за издржување казна затвор од две години.
При приведување на А.И. во дворот биле пронајдени мигранти, по што бил извршен претрес во куќата на неговиот роднина Б.И.(38). Таму биле пронајдени вкупно 59 мигранти од Авганистан, Пакистан и Кина, меѓу кои имало четири деца и една бремена жена.
СВР Куманово изготвува кривична пријава и против Б.И. за кривично дело криумчарење на мигранти. Тој, според полицијата, мигрантите ги чувал од користољубие и секојдневно им наплатувал по 5 евра од човек, со што дневно се стекнувал со корист од околу 300 евра, односно месечно околу 9.000 евра.

Радио Слободна Европа, пред неколку месеци, објави репортажа од село Лојане за имигрантите кои преку Македонија се обидуваат да стигнат во некоја од западно-европските земји. Сведочеа и локални жители дека Лојане е транзитен центар за имигрантите, а од МВР тогаш беа на став дека најголемиот дел од нив илегално влегуваат во Македонија од Грција. На видео снимките на Радио Слободна Европа говореа и дел од имигрантите за тоа колку плаќаат за транзитот и за сместувањето во Лојане.
XS
SM
MD
LG