Достапни линкови

logo-print

Експлозии во Дамаск, најмалку 10-мина загинати


Дамаск, 27.04.2012

Дамаск, 27.04.2012

Сиријската државна телевизија јави дека во денешниот самоубиствен бомбашки напад во Дамаск загинале најмалку 10 луѓе, а 30 биле повредени. Претходно активисти јавија дека се случила уште една експлозија во близина на државна компанија во индустриската зона на Дамаск. Насилствата во Сирија продолжуваат и покрај дипломатските напори за мир. Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун изјави дека режимот на Асад не го почитува планот за примирје. Белата Куќа изрази разочараност од продолжувањето на насилствата во Сирија и најави засилување на притисокот врз режимот на Асад.
XS
SM
MD
LG