Достапни линкови

logo-print

Многу проблеми за Украина пред ЕП во фудбал



Европската Комисија и порача денеска на УЕФА дека не може да ја игнорира политичката ситуација во Украина, односно проблемот со затворената екс премиерка Јулија Тимошенко. Не смеете да ги затворате очеите за кршењето на човековите права дури и кога организирате големи спортски манифестации, се вели во пораката од Европската Комисија.
Шефот на УЕФА, Мишел Платини оцени дека не е решение за проблемите тоа што нема да им биде доделена организацијата на европско првенство во фудбал на земји како Украина, во кои ситуацијата не е како во западните демократии.
Во меѓувреме, УЕФА соопшти дека денешната серија експлозии во Дњепропетровск не ја доведува во прашање безбедноста за време на одржувањето на европското првенство во фудбал.
XS
SM
MD
LG