Достапни линкови

Летонија ветува подршка за во НАТО


Рига

Рига

Летонија ќе го поддржи македонското членство во НАТО на престојаниот Самит во Чикаго, и целосно го става на располагање своето искуство за евроинтеграциониот пат на Република Македонија.

Ова на денешната заедничката прес-конференција во Рига, го истакна претседателот на Република Летонија Андрис Берзинс, по средбата со шефот на македонската држава Ѓорге Иванов, кој е во прва официјална посета на оваа балтичка земја.
На средбата, двајцата претседатели разговарале за продлабочување и унапредување на билатералните односи, за европските и евроатланските интеграции на Македонија, како и за спорот за уставното име на Македонија.

На прашање од летонски новинар дали има напредок во решавање на спорот со името, претседателот Иванов истакна дека наспроти иницијативите од македонската страна, од Грција нема оптимистички најави дека е можно брзо решение на спорот.
Во фокусот на разговорите на двајцата претседатели беше и економата соработка, пред се, можноста за нејзино продлабочување.
XS
SM
MD
LG