Достапни линкови

Неделен печат - „нов бран“ и жални врби


За најавите на премиерот Груевски за новиот бран и за проектот жални врби во Вардар пишуваат меѓу другото неделниците во своите последни броеви.

Он-лајн неделникот Глобус кој на интернет се чита во вторник прави сумарум на ситуацијата по убиството кај Смилковци забележувајќи дека по десет дена, власта паднала на испитот наречен „секој ден се повеќе напредувам...“, а ние само би потсетиле дека кога ќе го слушате овој извештај е помината уште една недела плус од трагичниот настан...
Сумарумот би бил дека масакрот, гледан како политички чин и талкањето во истрагата уште повеќе ја соголува немоќта на државата и на органите на прогон да се справуваат со злото. Ова секако оди на конто на актуелните политичари и тие тоа го знаат, а триковите со пуштање стари или безначајни објекти од страна на Груевски сигурно не го спасуваат неговиот рејтинг.
Глобус.

Глобус - власта падна на испитот наречен „секој ден се повеќе напредувам...“

Сумарумот, констатира Глобус, би бил дека масакрот, гледан како политички чин и талкањето во истрагата уште повеќе ја соголува немоќта на државата и на органите на прогон да се справуваат со злото. Ова секако оди на конто на актуелните политичари и тие тоа го знаат, а триковите со пуштање стари или безначајни објекти од страна на Груевски сигурно не го спасуваат неговиот рејтинг.

Веројатно постои незадоволство и во партијата на власт штом Груевски токму сега најави дека ќе менува голем број свои функционери, што значи индиректно симнување на притисокот од неговата омилена, кон другите функционери, внесување неизвесност во сопствените редови и конечно - замолчување на критиките во самото ВМРО-ДПМНЕ.
Стопанството колабира, народот масовно осиромашува, меѓуетничките односи се на чекор од пукање. Општеството се соочува со хаос во безмалку сите сфери. Македонија тоне, водата стигна до муцка, но наместо појас за спасување, Груевски нуди „нов бран“!
Фокус.

Втората последица од овој настан е дека меѓунационалните односи се „на жица“, што не треба посебно да се открива. Тие не биле никогаш полоши од 2001-та! На крај, Глобус потсетува дека бодигардот на премиерот, Урко, и натаму го нема покрај него, како и првиот човек на Јавната безбедност, Љупчо Тодоровски, ниту најодговорниот кога е во прашање државната безбедност - Сашо Мијалков. Дали стигнување до вистината во случајот со петкратното убиство на север од Скопје одново е заробено во интересите на преторијанците на власта? - прашува Глобус.

Фокус- „Наместо појас за спасување, Груевски нуди „нов бран“!?“

„Наместо појас за спасување, Груевски нуди „нов бран“!?“, е насловен уводникот во неделникот Фокус, за во антрфилето да потенцира дека стопанството колабира, народот масовно осиромашува, меѓуетничките односи се на чекор од пукање. Општеството се соочува со хаос во безмалку сите сфери. Македонија тоне, водата стигна до муцка, но наместо појас за спасување, Груевски нуди ,нов бран’!? Звучи лудо, ама функционира. Никој веќе не зборува за бедата, за НАТО и ЕУ, за масакрот на петтемина скопјани... Чиниш сите се заѕверија во новиот бран. Барем устите да не им се толку подзинати! - извикува резигнирано авторот на уводникот во Фокус.

Капитал - Власта се' повеќе се оддалечува од народот

И, на крај, во неделникот Капитал, читаме за фамозните три врби посадени пред некоја недела во Вардар... Уводничарот го поврзува нивното чинење 250 000 евра од буџетот со изјавите на министерот за здравство дека токму во буџетот нема пари за боледувања, министерот за финансии прави ребаланс на буџетот и се задолжува со досега највисоки кредити во историјата на Македонија, фирмите се жалат дека со месеци им доцни враќањето на ДДВ... Недостигаше уште Груевски сосе министрите да го пуштат во употреба проектот со врбите... Алооо, извикува авторката на уводникот, ја навредувате интелигенцијата на народот! Или можеби сакате јавно да порачате дека не ви е гајле што мисли народот за сето тоа? Ова веќе ги премина сите граници на трпение и покажува дека власта се' повеќе се оддалечува од народот. .А догодина се локални избори и пак ќе се трошат пари од буџетот, заклучува Капитал.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG