Достапни линкови

Ни Први мај не е тоа што беше


Овој 1 мај во Охрид ќе биде како секој обичен ден, но со малку повеќе раздвиженост од вообичаено, сметаат угостителите. Не се очекуваат многу гости, а и оние што ќе дојдат ќе бидат претежно од Србија.

Првомајските празници нема да донесат кој знае колку гости во Охрид. Угостителите и останатите иволвирани во туризмот велат дека овој 1 мај сигурно нема да е како порано, кога за денот на трудот во Охрид вриеше како во кошница. Годинава Први мај ќе е како секој обичен ден, со малку повеќе раздвиженост. Туристичките работници очекуваат само неколку групи од Грција, Србија и Турција.
Многу е слабо оваа година. Можеби причина е што Први мај е во вторник, а понеделник е работен ден и немаме врзан викенд. Многу малку гости во однос на претходните години.
Загорка Ѓеоргиевска, туристички работник.

„Многу е слабо оваа година. Можеби причина е што Први мај е во вторник, а понеделник е работен ден и немаме врзан викенд. Многу малку гости во однос на претходните години“, рече Загорка Ѓеоргиевска од туристичката агенција Елида Турс.

Туристичкито водич Љупчо Јузмески вели:

„За првомајските празници ни доаѓаат најмногу гости од Србија. Од Србија ќе го имаме истиот број гости што го имаме сите овие години, затоа што кај нив е сврзан празникот имаат и продолжен викенд.“
Порано беше мерило, но тоа беше во 90-те години, а сега не е никакво мерило. Ќе биде како обичен ден со малку раздвиженост. Многу убаво беше порано имаше многу луѓе. Но од година во година се е послабо и послабо. Не очекувам многу. Може да има нешто но не е тоа.
Цане Божиновски, сопственик на угостителски објект.

„Се надевам дека Охрид ќе почне да пулсира вистински од Први мај натаму“, рече Спиро Николоски сопственик на хотелот Амбасадор.

Ако некогаш Први мај беше репер за тоа каква туристичка сезона може да не очекува, тоа повеќе не е така.

„Порано беше мерило, но тоа беше во 90-те години, а сега не е никакво мерило. Ќе биде како обичен ден со малку раздвиженост. Многу убаво беше порано имаше многу луѓе. Но од година во година се е послабо и послабо. Не очекувам многу. Може да има нешто но не е тоа“, рече Цане Божиновски сопственик на угостителски објект.

Миле Рилко десет години работи како таксист. Се сеќава на убавите времиња во Охрид за 1 мај.

„Пред неколку години, секој мај беше приказна за себе. Имаше многу гости, многу работа. Овие две три години градот како да умира, го одбегнуват не знам зошто“, рече Рилко.

Кајчарот Војо, со неговото кајче е подготвен на некои од гостите да им пружи несекојдневно задоволство со прошетка по езерото. Но вели ништо не е како порано.

„Слабо многу.“

РСЕ: Доколку има гости за 1 мај какви прошетки ќе им понудите на гостите?

„Разглед на стариот град, црквите, рибарското село, Канео.“

РСЕ: Се сеќавате на убави времиња за 1 мај, кога имало многу гости?

„Е порано имаше многу гости, сега послабо“, вели Војо кајчарот.

Ако ништо друго за 1 мај традиционално охриѓани ги распалуваат скарите, со јадење и музика ќе го поминуваат денот покрај езерото на една од многуте плажи. Така сигурно барем за жителите на Охрид ќе биде и годинава.
XS
SM
MD
LG