Достапни линкови

Емирот од Катар го купи грчкиот остров Оксија


Emir of Qatar, Sheikh Hamad bin Khalifa Al Thani

Emir of Qatar, Sheikh Hamad bin Khalifa Al Thani

Кралското семејство на Катар купи грчки остров во Јонско Море.
Малиот ненаселен остров Оксија беше продаден за пет милиони евра на катарското кралско семејство иако првичната цена беше седум милиони евра.
„Отстапката“ била направена поради високите даноци, што Владата во Атина ги стави за недвижните имоти.
Емирот од Катар подолго време покажува интерес за Грција. Тој на почетокот од септември минатата година се обидел да го купи островот Скорпиос, што е во сопственост на фамилијата Оназис, но не успеал.
XS
SM
MD
LG