Достапни линкови

Меркел отфрла нови преговори за фискалниот пакт на ЕУ


Германската канцеларка Ангела Меркел ја отфрли можноста од нови преговори за договорот за фискална дисциплина, постигнат меѓу 25 земји членки на Европската Унија, истовремено отфрлајки ги критиките дека Унијата не е фокусирана врз развојот. Меркел, во интервју за германски медиуми, најави дека лидерите на Европската Унија, на самитот во јуни, треба да дојдат со конкретни предлози за стимулирање на развојот и за отворање нови работни места. Кандидатот на социјалистите за претседател на Франција, Франсоа Оланд, најави дека доколку победи на изборите, ќе бара преиспитување на фискалниот пакт на ЕУ.
XS
SM
MD
LG