Достапни линкови

Претседателот Иванов во посета на Летонија


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска ќе престојува во официјална посета на Летонија. Освен со својот домаќин, летонскиот претседател Андрис Берзинс, Иванов ќе има средби и со летонскиот премиер и со претседателот на Парламентот.
Во состав на македонската делегација е и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој со својот колега Аивис Ронис ќе потпише договор за меѓународен патен сообраќај, со кој ќе се воведе либерализација на билатералниот и транзитниот превоз на стоки меѓу Македонија и Летонија, кој ќе се одвива без транспортни дозволи.
Македонскиот претседател по Летонија, в недела ќе ја посети и Литванија, каде што ќе има средби со литванскиот колега Далија Грубаускаите, како и со претставници на Парламентот и со министерот за надворешни работи.
XS
SM
MD
LG