Достапни линкови

logo-print

Косово: пристигнуваат дополнителни војници


Првата група австриски војници од Оперативните резервни сили (ОРФ), кои КФОР ги побара како зајакнување пред српските избори во Косово поради страв од можен раст на тензиите, денеска ќе бидат распоредени во Косово. Австриското Министерство за одбрана потврди дека претходницата со вкупно 125 австриски војници, како што е планирано, во Косово ќе пристигне денеска.
Почетокот на мисијата е на 1 мај, а дополнителната единица ќе остане во Косово најдолго осум недели, во зависност од безбедносната ситуација. Дополнителните сили од баталјонот ОРФ ги сочинуваат 150 австриски и 550 германски војници, кои треба да бидат зајакнување на 6.200 постојано стационирани војници од 29 држави.
XS
SM
MD
LG