Достапни линкови

Саакашвили: оставка ако Русија ги повлече трупите од Грузија


Михаил Саакашвили

Михаил Саакашвили

Грузискиот претседател Михаил Саакашвили изјави дека е готов да поднесе оставка ако Русија ги повлече своите трупи од двата отцепени региона во земјата, Абхазија и Јужна Осетија. Саакашвили исто така ја обвини Русија дека се обидува да ја замени владата во Тбилиси со таква која би го легитимизирала она што тој го нарекува окупација на овие два региона.
Абхазија и Јужна Осетија имаат прогласено независност од Грузија и беа повод за конфликтот меѓу Тбилиси и Москва кој доведе до војна во 2008 година.
XS
SM
MD
LG