Достапни линкови

Прераспоредување на американските трупи во Азија


Околу 9 илјади американски војници ќе бидат прераспоредени од јапонскиот остров Окинава на американската територија на островот Гуам и на други локации во азиско-пацифичкиот регион.
Во заедничката изјава на САД и Јапонија се вели дека со овој потег се задржува големото американско воено присуство за одбрана на Јапонија, со оглед на се понебезбедното окружување. Притоа не е соопштен рокот за повлекување на трупите.
XS
SM
MD
LG