Достапни линкови

Времето денеска сончево и топло


Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност која повеќе ќе биде застапена во југоисточниот и источниот дел на земјава. Преку денот повторно ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен и северен правец, а долж Повардарието повторно ќе се засилува. Утринската температура се движи од три до 11, а дневната ќе биде од 23 до 28 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со слаб североисточен ветер. Утринската темература се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 27 степени.
Во наредните денови ќе се задржи претежно стабилно и топло време. Утре ќе има зголемување на облачноста и услови за краткотраен дожд особено во југоисточниот дел на земјава.
XS
SM
MD
LG