Достапни линкови

logo-print

Над 30 партии ќе учествуваат на изборите во Грција


На претстојните вонредни парламентарни избори во Грција ќе учествуваат вкупно 32 партии, што е рекорден број во однос на претходните избори, соопшти Врховниот суд. Судот не ја прифати регистрацијата на четири помали партии и тоа од технички причини. Од партијата која себе си се нарекува „Тираноубијци“ е побарано да го смени името. По вонредните избори, кои ќе се одржат на 6 мај, според сите проценки ќе биде разбиена доминацијата на двете водечки партии - ПАСОК и Нова демократија, кои суверено владееа со земјата во последните децении. Се проценува дека за место во Парламентот ќе се изборат десетина партии, односно дека ќе освојат повеќе од три отсто од гласовите, колку што е потребно за влез во Парламентот.
XS
SM
MD
LG