Достапни линкови

logo-print

Фестивал или обична ревија на филмови?


Скопски филмски фестивал 2012.

Скопски филмски фестивал 2012.

Со утрешната македонска премиера на „Жената што си ги избриша солзите“ на Теона Митевска, завршува 15-то јубилејно издание на Скопски филмски фестивал за кое проследувачите и филмските критичари веќе забележуваат дека се претвори во обична филмска ревија што се случува во полупразни киносали.

На прес-конференцијата пред почетокот на 15 Скопски филмски фестивал, уметничкиот директор Иво Антов, на новинарско прашање каде е местото на оваа манифестација во однос на преостанатите филмски фестивали во Македонија доста самоуверено одговори дека „другите созреваат и дека полека му стануваат достојна конкуренција“. Притоа дополни дека тие овојпат ќе понудат „повеќе филмови и понабиена програма за истите пари од лани“.
Скопскиот филмски фестивал некако изгуби кондиција, некако е без здив. Годинава не се ни разликува од која било друга филмска ревија или фестивал.

Скопски филмски фестивал 2011.

Скопски филмски фестивал 2011.

Недела дена подоцна се погласни се оние кои велат дека Скопскиот филмски фестивал како да го губи здивот и дека полека се претворил од некогаш силна културна манифестација во повеќе од обична ревија на филмови која што се одржува во полупразни киносали. Проследувачите одат дотаму што наведуваат дека нема критериум во одбирот на филмови, дека е занемарлив бројот на звучни гости и дека полека се губи белегот што ова случување го имаше некогаш.
Подобро е да немаме продукт кој ќе биде конфузен, дифузен и без концепт, отколку да имаме просечна ревија на филмови која се нарекува фестивал. Не можеме да бидеме оптимисти дека со ваков концепт ќе оди во нагорна линија, а тоа пред се го покажува публиката за која фестивалот се прави.

„Скопскиот филмски фестивал некако изгуби кондиција, некако е без здив. Годинава не се ни разликува од која било друга филмска ревија или фестивал“, вели Сузана Тодоровска, новинарка во Македонското радио.

Таа дополнува дека на програмата и овојпат имало неколку блескави филмски остварувања, но забележува дека во името на иднината на ова случување организаторите треба да бидат похрабри во проветрувањето на постојниот концепт.

Од друга страна, филмскиот критичар Влатко Галевски е повеќе од дециден дека Скопскиот филмски фестивал, кој некогаш беше една од светлите точки на агендата на културните случувања кај нас, во последнава декада конечно ја изгубил аурата што некогаш ја имал. Тој забележува дека е дојдено времето организаторите и државата како негов спонзор да размислат како натаму со манифестацијата .

„Подобро е да немаме продукт кој ќе биде конфузен, дифузен и без концепт, отколку да имаме просечна ревија на филмови која се нарекува фестивал. Не можеме да бидеме оптимисти дека со ваков концепт ќе оди во нагорна линија, а тоа пред се го покажува публиката за која фестивалот се прави.“

Марина Костова, уредник и филмски критичар во „Вест“, истакнува дека никогаш не била спорна програмата на Скопскиот филмски фестивал оти публиката на тој начин има можност да проследи дела кои инаку никогаш не би ги видела на редовниот репертоар, туку проблемот го лоцира во тоа што и овој фестивал како и останатите не размислува да направи настан од одењето во кино.

„Програмата сама не е спорна, има луѓе што сакаат да ги видат тие авторски филмови, меѓутоа очигледно треба да се направи нешто што ќе го направи привлечно одењето во кино, бидејќи тоа како навика во нашата земја е тотално загубено. Ние во Скопје имаме само две активни кина, а во целата земја едвај шест или седум.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG