Достапни линкови

Фиксен курс на денарот - корист или штета за економијата?


Не престануваат дебатите што е подобро - фиксен курс на денарот или да се дозволи девалвација за да се поттикне економскиот раст.

Петнаесет години Македонија не ја менува монетарната стратегија на одржување на стабилен девизен курс поради стравот да ризикува во економија која бележи константен трговски дефицит и која обезбедува многу малку девизна поддршка за домашната валута. Поради тоа, и сите овие петнаесет години во Македонија не престануваат дебатите меѓу експертите од економијата што е подобро - да се одржува сегашната вредност на денарот или да се дозволи девалвација односно ревалвација во граници од 5 до постепено наголемување до 15 отсто, со што, пак, како што велат, би се поттикнал економскиот раст.
Цените ќе се зголемуваат, од друга страна тие што штедат во денари ќе се потрудат по итна постапка штедниот влог да го претворат во странска валута и потоа Централна банка треба да интервенира да ја задоволува побарувачката на странска валута поради промените на курсот и доаѓа до намалување на девизните резерви уште повеќе.

Поранешниот министер за економија, Бесник Фетаи кој во својот мандат застапуваше поинакви политики во однос на ова прашање, денеска како предавач и теоретичар тврди дека флуктуирачки курс на денарот би и донел повеќе штета отколку бенефит на домашната економија.
Гувернерот Димитар Богов приреди прием по повод 20-годишнината од монетарното осамостојување на Македонија.

Гувернерот Димитар Богов приреди прием по повод 20-годишнината од монетарното осамостојување на Македонија.


„Денеска секоја мала промена на девизниот курс што пореметува? Цените ќе се зголемуваат, од друга страна тие што штедат во денари ќе се потрудат по итна постапка штедниот влог да го претворат во странска валута и потоа Централна банка треба да интервенира да ја задоволува побарувачката на странска валута поради промените на курсот и доаѓа до намалување на девизните резерви уште повеќе.“

Ако не го брани курсот по секоја цена тогаш ќе си ги пуштеше кредитите да растат, а кредитите се еден од факторите за економски раст.
Ова значи, додава Фетаи дека промената на курсот би значел позитивни промени само во првиот месец кога можеби би го зголемил извозот поради зголемената конкурентност на домашните производи на странските пазари затоа што тие ќе имаат и пониски цени, но потоа кругот ќе продолжи да врти и ќе се зголемат платите, па цените и економијата ќе се врати на истото ниво.

Поранешниот гувернер на Народната банка, Љубе Трпески, пак, е од оние експерти во државава кои се залагаат за промена на монетарната стратегија и за воведување флуктуирачки девизен курс токму во интерес на поттикнување на економскиот раст на земјата.

„Ако не го брани курсот по секоја цена тогаш ќе си ги пуштеше кредитите да растат, а кредитите се еден од факторите за економски раст“, појаснува Трпески.

Тој се залага за таканаречен раководен флуктуирачки курс кој би растел постепено од +- 5 до +- 15 отсто колку што бара европската монетарна унија.

Актуелниот гувернер на народната банка, Димитар Богов, по повод одбележувањето на 20- годишнината од монетарната независност на земјава повторно ја образложи сегашната стратегија. За земја каква што е Македонија, без стабилен денар нема економски раст.
XS
SM
MD
LG