Достапни линкови

САД преговара со Пакистан за отворање на рутите кон Авганистан


Американскиот специјален пратеник Марк Гросман се сретна со властите во Исламбад и побара повторно отворање на рутите кон Авганистан за снабдување на мисијата на НАТО. Гросман рече дека не очекува брзо решение но дополни дека „задачата е да се почнат разговори околу тоа како да се направи придвижување“. Исламбад ги затвори рутите во ноември, во знак на протест по смртта на 24 пакистански војници кои загинаа во воздушен напад на НАТО. Во соопштение на пакистанската војска се наведува дека Гросман се сретнал со армискиот генерал Ашфак Парвез Кајани и двајцата разговарале за прашања во рамките одредени од пакистанските власти.
XS
SM
MD
LG